Инклузија во предучилишни установи

inkluzija_vo_preducilisni_ustanovi

Институтот за применети истражувања за бизнис одржа tailor-made обука на тема “Инклузија во предучилишни установи” наменета за вработените во градинките и центрите за ран развој.

    Целта на обуката беше да се зајакнат компетенциите на различните стручни профили кои работат во предучилишното образование во однос на нивните вештини за подобро организирање и реализирање на инклузивната воспитно-образовна работа.
Во насока на остварување на целите и задачите на предучилишното образование низ призмата на инклузија учесниците на обуката се запознаа со законитостите на психичкиот развој како и психичката структура кај децата од предучилишна возраст, се стекнаа со знаења и вештини за примена на разновидни креативни модели на работа со децата и соработка со семејствата, како и со начините на справување со секојдневните предизвици со кои се среќаваат во текот на работата во градинките.
    Обуката беше организирана онлајн а предавач беше д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, психијатар во Службата за ментално здравје за деца и младинци “Младост” при ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, а од 2021 година и раководител на истата. Д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова е надворешен соработник на Организација на жени од Струмица во областа на насилство врз жени и деца, член е на мултисекторски тим против родово базирано насилство и член е на Европска Асоцијација за наука и технологија (COST) и на Здружението за детска и адолесцентна психијатрија при МПД. Таа е активен учесник на бројни меѓународни и домашни конференции и конгреси со цел континуирана надоградба на знаења и следење на светските трендови и протоколи во однос на превенција, дијагностика и третман на растројства на металното здравје.
    Присутните на обуката се стекнаа со соодветен Сертификат.