Одржана обука на тема:
Создавање на услови за ефективна вербална и невербална комуникација во училница

held_training_on_the_topic_creating_conditions_for_effective_verbal_and_non-verbal_communication_in_the_classroom

На Научниот институт за применети истражувања за бизнис на 14 Октомври, 2023 година се одржа обука за ефективна вербална и невербална комуникација во училница, наменета за наставниците и стручните служби во училиштата.
На обуката беа елаборирани облиците и нивоата на комуникација, како и техниките и правилата за успешна комуникација првенствено меѓу наставниците и учениците, а потоа и со родителите. Присуствуваа наставници, педагози и психолози од повеќе училишта во државата, и истите во текот на обуката споделија и дел од своите искуства поврзани со вербалната и невербалната комуникација со своите ученици.

Обуката беше одржана онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.