На 23 Декември 2023 год. на Научниот институт за применети истражувања за бизнис во Скопје се одржа последната од серијата обуки за 2023 година во областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам организирани од Институтот.
Обуката на тема “Анализа на рестриктивните мерки и меѓународните стандарди во сферата на финансирањето на тероризмот и пролиферацијата” се одржа онлајн и во текот на обуката се разговараше за примената на рестриктивните мерки од страна на субјектите и се направи анализа на меѓународните стандарди во сферата на финансирањето на тероризмот и пролиферацијата.
Предавачите на обуката, м-р Билјана Шуманска и д-р Гоце Трајковски, се членови на Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа (Moneyval) и имаа повеќегодишно искуство во областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Сите учесници се стекнаа со соодветен сертификат.
Ознаки: