Инклузија во предучилишни установи

со предавач: Д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, психијатар
време и место: 04 Март 2023 година (Сабота), 10:00-12:00 часот, онлајн

obuka_za_inkluzija_vo_preducilisni_ustanovi


За кого е наменета обуката
Обуката е наменета за воспитувачи, негуватели, стручни работници, соработници и Директори на градинките.

Цел на обуката
    Целта на обуката е да се зајакнат компетенциите на различните стручни профили кои работат во предучилишното образование во однос на нивните вештини за подобро организирање и реализирање на инклузивната воспитно-образовна работа.
Во насока на остварување на целите и задачите на предучилишното образование низ призмата на инклузија учесниците на обуката ќе се запознаат со законитостите на психичкиот развој како и психичката структура кај децата од предучилишна возраст, ќе се стекнат знаења и вештини за примена на разновидни креативни модели на работа со децата и соработка со семејствата, како и со начините на справување со секојдневните предизвици со кои се среќаваат во текот на работата во градинките.
    Учеството на оваа тематска обука не само што претставува можност за стекнување на нови вештини во инклузивната воспитно-образовна работа, туку е и практичен начин за воспитно-образовниот кадар во градинките да ја реализираат својата законска обврска за континуирано усовршување и надоградување на знаењата и вештините.

Агенда
Во текот на обуката ќе бидат опфатени следните аспекти:
  1. Улогата на воспитувачот во инклузивна воспитно- образовна работа
  2. Сигурни и безбедни начини за мотивирање на децата
  3. Стратегии и техники за полесно справување со секојдневните предизвици

За предавачот
    Д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова дипломирала на медицинскиот факултет при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје во 2009 година, а во 2015 година на истиот факултет завршила специјализација по психијатрија. Во периодот од 2015 до 2019 година вработена е на позицијата психијатар во Служба за ментално здравје за деца и младинци “Младост” при ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, а од 2021 година е раководител на истата служба. Од 2020 година Д-р Аризанкоска Ефтимова е надворешен соработник на Организација на жени од Струмица во областа на насилство врз жени и деца, како и член на мултисекторски тим против родово базирано насилство. Член е на Европска Асоцијација за наука и технологија (COST) и на Здружението за детска и адолесцентна психијатрија при МПД. Зема активно учество на бројни меѓународни и домашни конференции и конгреси со цел континуирана надоградба на знаења и следење на светските трендови и протоколи во однос на превенција, дијагностика и третман на растројства на металното здравје.

Начин на спроведување
    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со електронски уред (компјутер, таблет, мобилен).

Цена и начин на плаќање
    Цената за учество на обуката за едно лице е 500 денари. Плаќањето се врши со издадена фактура на градинката или на уплатница, доколку вработените партиципираат самостојно.

     - Секој учесник ќе добие СЕРТИФИКАТ за учество.
     - Рок на пријавување за обуката е до 24 Февруари, 2023 година.
     - Рокот за плаќање е до 1 Март, 2023 година.

Поради големиот пројавен интерес ќе се применува концептот “прв пријавен-прв услужен”.
Заинтересираните за учество да се пријават на следниот мејл: contact@iarb.edu.mk