Институтот за применети истражувања за бизнис одржа tailor-made обука на тема "Спречување перење пари и финансирање тероризам за финансиски друштва" наменета за вработените во финансиското друштво Кредисимо ДООЕЛ Скопје.
Обуката беше организирана со физичко присуство, во просториите на Кредисимо, на 28 Февруари 2023 год.
Предавачи на обуката беа д-р Гоце Трајковски и д-р Искра Ивановска Стојановска, кои се долгогодишни членови на Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа (Moneyval) и имаат повеќегодишно искуство како предавачи во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам.
Присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.