
Во текот на март, Институтот за применети истражувања за бизнис одржа серија обуки за професионален развој насочени кон подобрување на вештините и знаењата на наставниците, едукаторите, воспитувачите и стручните соработници кои работат во училиштата и градинките. Овие обуки, посетени од повеќе од 300 учесници, обезбедија вредни сознанија за актуелни теми во образованието, поттикнувајќи овозможувачка средина за учење и раст. Исто така учесниците активно се вклучија со дискусија и свои видувања на соодветните теми, споделувајќи ги притоа своите практични искуства и сознанија.
Темите на обуките и предавачите на истите беа како што следува:
- Позитивна дисциплина во училницата: Клуч за успех на учениците
Предавач: М-р Драгана Велјаноска, психолог - Дислексија и дисортографија
Предавач: Доц. д-р Силвана Филипова, логопед - Сензорна интеграција и сензорни дисфункции кај децата
Предавач: Василка Галевска Јовчевски, терапевт - Генерации зависни од екрани – Влијанието на технологијата врз менталното здравје
Предавач: Јасмина Божиновска Цветкоска, психолог
Дополнително, учесниците на обуките, беа запознаени со тековниот Еразмус+ проект во областа на училишно образование „Wonder learning for digital natives“ ( 2024-1-PT01-KA220-SCH- 000254381), во кој Институтот е една од осумте партнерски организации. Целта на овој проект е да им помогне на наставниците и учениците да ги развијат потребните вештини за спроведување иновативни активности, а во насока на подобрување на академските постигнувања на учениците.
Институтот се заблагодарува на сите учесници за нивното учество и активен ангажман на обуките.
Повеќе слики:



Ознаки: