Нов проект на Институтот за применети истражувања за бизнис

recycle eco environment concept

Институтот за применети истражувања за бизнис учествува како партнер во Еразмус проектот "Дигитални алатки за помалку отпад": Координатор на проектот е фондацијата Biosynergia од Полска, додека останатите партнери се организации од Шпанија, Бугарија, Франција, Грција и Малта.
Главната цел на проектот „Дигитални алатки за помалку отпад“ е да се зајакнат компетенциите на лица кои работат со млади луѓе во областа на екологија и одржливост во насока на користење на дигитални алатки при различните активности во текот на управувањето со проектите и зголемување на емпатијата кон животната средина. Преку проектот ќе се постигнат следните резултати:

  • Подобрени способности (индивидуални и професионални) на учесниците во проектот за рационално користење на ресурсите и создавање на помалку отпад
  • подобрување на способноста на учесниците во проектот за креирање интересни едукативни активности со користење на дигитални алатки
  • Стекнување знаења како да се вклучат лицата со помалку можности во образованието за животната средина со помош на дигитални алатки