На 08 Јули 2023 год. на Институтот за применети истражувања за бизнис во Скопје со почеток во 10 часот се одржа обука на тема “Мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам кои ги преземаат небанкарските вршители на дејност”. Обуката беше хибридна (со физичко и онлајн присуство) и со интерактивен карактер. Во текот на обуката се разговараше за отворените прашања кај нефинансиските институции од аспект на спречување перење пари и финансирање тероризам, за ризично базиран пристап, ризик на клиент, ризик на земја и ризик на трансакција, како и за случаите кога и кои мерки и дејствија за сппфт се применуваат при СППФТ од страна на небанкарските вршители на дејност.
На обуката присуствуваа адвокати, сметководители и вработени во субјекти кои се небанкарски вршители на дејност, приредувачи на игри на среќа и финансиски институции и нивни подружници.
Предавачот на обуката, д-р Гоце Трајковски, е долгогодишен член на Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа (Moneyval) и има повеќегодишно искуство како предавач во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам. Институтот за применети истражувања за бизнис уште еднаш се заблагодарува за вниманието и присуството на сите учесници на обуката.
Ознаки: