Одржана обука на тема:
Инклузија во предучилишни установи

held-training-on-the-topic-inclusion-in-preschool-education

Институтот за применети истражувања за бизнис одржа обука на тема “Инклузија во предучилишни установи” наменета за вработените во градинките и центрите за ран развој.

Целта на обуката беше да се зајакнат компетенциите на различните стручни профили кои работат во предучилишното образование во однос на нивните вештини за подобро организирање и реализирање на инклузивната воспитно-образовна работа.

Во насока на остварување на целите и задачите на предучилишното образование низ призмата на инклузија учесниците на обуката се запознаа со законитостите на психичкиот развој како и психичката структура кај децата од предучилишна возраст, се стекнаа со знаења и вештини за примена на разновидни креативни модели на работа со децата и соработка со семејствата, како и со начините на справување со секојдневните предизвици со кои се среќаваат во текот на работата во градинките.
Предавач на обуката беше д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, психијатар во Службата за ментално здравје за деца и младинци “Младост” при ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, а од 2021 година и раководител на истата.

Обуката беше одржана онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.