Одржана обука на тема:
Aктивности на овластеното лице и одделот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

held-training-on-the-topic-inclusion-in-preschool-education

На 7ми Октомври 2023 год. на Научниот институт за применети истражувања за бизнис се одржа обука на тема “Aктивности на овластеното лице и одделот за спречување перење пари и финансирање на тероризам”
Обуката беше хибридна (со физичко и онлајн присуство) и со интерактивен карактер. Во текот на обуката се разговараше за назначувањето, исполнетоста на услови за назначување како и за активостите на овластеното лице и одделот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во соодветните институции.
Исто така се разговараше и за факторите на ризик, елементите на ризик, анализа на клиентите, како и мерките, дејствијата и соодветнните санкции од аспект на спречување перење пари и финансирање тероризам.
Во текот на обуката посебно внимание беше обрнато и на улогата на адвокатите и нотарите во процесот на спречување перење пари и финансирање на тероризам
На обуката присуствуваа адвокати, сметководители и вработени банки и финансиски друштва. Предавачот на обуката, д-р Гоце Трајковски, е долгогодишен член на Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа (Moneyval) и има повеќегодишно искуство како предавач во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам.

Учесниците на обуката се стекнаа со Сертификат за учество.