Одржана обука на тема:
Социјалните мрежи-алатка за подобра комуникација или неконтролирана активност?

Обука за социјалните мрежи – алатка за комуникација или неконтролирана активност во образованието

На Институтот за применети истражувања за бизнис на 30 Септември, 2023 година се одржа обука за моќта на социјалните мрежи наменета за наставниците и стручните служби во училиштата.

Целта на обуката беше да се зајакнат вештините наставниците и стручните служби во училиштата за тоа како ефективно да се користи интернетот и новите дигитални платформи. Д-р Андоновска во текот на обуката зборуваше за моќта и можностите на социјалните мрежи, за начинот на комуницирање преку социјалните мрежи, како и за предностите и недостатоците на истите. На обуката присуствуваа наставници, педагози и психолози од повеќе училишта во државата, и истите во текот на обуката споделија и дел од своите искуства поврзани користењето на социјалните мрежи, особено од страна на учениците.

Обуката беше одржана онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.