Институтот за применети истражувања за бизнис од неодамна стана членка на македонската мрежа на фондацијата Ана Линд.
Тимот на Институтот за применети истражувања за бизнис присуствуваше на настанот "Градење врски, создавање можности" организиран од македонската мрежа на фондацијата Ана Линд на 17-ти Септември 2024 год,. На настанот се разменија вредни искуства и инспиративни идеи и се создадоа можности вмрежување со разновидни организации посветени на поттикнување општествени промени и соработка.
Притоа, се креираше основа за градење трајни партнерства преку кои Институтот ќе може да ги засили своите напори и да поттикне опипливи позитивни промени во нашите заедници и пошироко.
Голема благодарност до македонската мрежа на фондацијата Ана Линд за организирањето на настанот и до сите учесници за можноста за понатамошно вмрежување и соработка.
Повеќе информации на следниов линк
Ознаки: