Биљана Ѓозинска

    Биљана Ѓозинска е доктор на правни науки и Виш научен соработник/вонреден професор на Институтот за применети истражувања за бизнис. Фокусот на нејзиниот професионален интерес е во областа на Деловното право и Правото на Европската унија. Таа е лиценциран вештак во областа на авторските права и права од индустриска сопственост.

Д-р Ѓозинска има 16 годишно искуство во високото образование, од кои 5 години на менаџерска функција на Факултет. Таа има долгогодишно искуство како институционален проектен координатор, финансиски координатор и како истражувач во повеќе проекти од програмите ИПА, ЦЕИ и Еразмус+ поврзани со претприемништво, циркуларна економија, развој на иновативни пилот модели за учење и настава и развој на софтвер за бизнис симулација. Д-р Ѓозинска има искуство како истражувач во Еразмус+проект посветен на економијата на одржливоста каде што е коавтор на три поглавја од универзитетскиот учебник Економија на одржливост, издаден на Универзитот по економија од Катовице, Полска. Исто така, д-р Ѓозинска има искуство во неформалното образование како тренер на многу обуки и работилници во областа на правото и проектниот циклус.