Анета Васиљевиќ-Шикалеска

    Анета Васиљевиќ-Шикалеска е доктор на технолошки науки и Виш научен соработник/вонреден професор на Институтот за применети истражувања за бизнис.

     Д-р Васиљевиќ-Шикалеска има 17 годишни искуство во високо образование во областа на економија на животна средина и одржлив развој. Фокусот на нејзиниот научен интерес е во областа на заштита на животната средина, циркуларна економија и нови технологии и материјали. Повеќе од 20 години има активно учество во бројни истражувачки и апликативни проекти и значително искуство во областа на нови технологии и материјали, отпад и управување со отпад, циркуларна економија како и во областа на образование и примена на нови практики на учење во високообразовните институции во Европа. д-р Васиљевиќ-Шикалеска има искуство како проектен координатор на неколку меѓународни Еразмус+ проекти и проект во областа на Управување со отпад и употреба на отпадот како обновлив извори на енергија, финансиран од Светска банка. Во рамките на Еразмус+ проект, таа учествуваше во изработката на наставните програми за предметот Економија на одржливоста и е коавтор на три поглавја во книгата Економија на одржливост, издаденa на Универзитот по економија од Катовице, Полска. Поглавјата се насловени како 1) Циркуларна економија, 2) Управување со отпад и 3) Сиромаштија и глад. Д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска има искуство во два COST проекти во обаста на нано материјалите и одржливо пакување на храна и има лиценца за вештачење во областа на технолошките науки, издадена од Министерство за правда.