СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Обуките од областа на СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ кои тековно се реализираат на Институтот се следните:

Тема:

РЕГИСТЕРОТ НА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ И РАБОТЕЊЕТО СО ВИРТУЕЛНИ СРЕДСТВА НИЗ ПРИЗМАТА НА ПЕТТАТА ДИРЕКТИВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Цел на обуката:

Анализа на одредени прашања поврзани со поставеноста на Петтата директива на Европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам, особено во делот на регистарот на вистински сопственици и тргувањето со виртуелни средства. Исто така во текот на обуката се разгледуваат и обврските коишто произлегуваат од Петтата директива и националното законодавство во однос на утврдувањето на вистинскиот сопственик на клиентот од страна на осигурителните компании, брокерските куќи, како и неговото запишување во регистарот на вистински сопственици од страна на регистрационите агенти. Дополнтелно, учесниците се запознаваат и со казнено правните аспекти на перењето пари и спречување тероризам.

Тема:

АКТИВНОСТИ НА ОВЛАСТЕНОТО ЛИЦЕ И ОДДЕЛОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ (СППФТ)

Цел на обуката:

Целта на обуката е слушателите на истата да се запознаат со условите кои треба да ги исполнат овластеното лице, неговиот заменик и вработените во одделот за СППФТ, како и нивните соодветни активности. Во текот на обуката се разработуваат и теми во однос на проценка на ризикот од ПП/ФТ, анализа на фактори на ризик кај клиентот и на ниво на субјект, елементи на ризик и мерки и дејствија за СППФТ. Исто така се обрнува внимание и на анализа на клиентите и на видовите на санкции и следење на листите на санкции.

Тема:

МЕРКИ И ДЕЈСТВИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ КОИ ГИ ПРЕЗЕМААТ НЕБАНКАРСКИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ

Цел на обуката:

Запознавање на небанкарските вршители на дејност со законските обврски согласно ЗСППФТ како и со случаите кога се применуваат мерки и дејствија за СППФТ и кога има исклучоци од обврската за преземање на мерки и дејствија за СППФТ. Во текот на обуката слушателите ќе се стекнат со знаења во однос на одредени отворени прашања кај небанкарските вршители на дејност од аспект на ПП/ФТ.

Тема:

АНАЛИЗА НА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ И МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ВО СФЕРАТА НА ФИНАНСИРАЊЕТО НА ТЕРОРИЗМОТ И ПРОЛИФЕРАЦИЈАТА

Цел на обуката:

Запознавање со управувањето со ризикот од перење пари и финансирање тероризам преку примена на рестриктивни мерки. Во текот на обуката се обрнува подетално внимание на интерните контроли и соодветната примена на рестриктивните мерки, надлежните органи за евиденција и надзор над примената на рестриктивни мерки. Исто така, учесниците се запознаваат со меѓународните стандарди во сферата на финансирањето на тероризмот и пролиферацијата и со препораките на FATF кои што се однесуваат на борбата со финансирање на тероризмот.

Тема:

ТAILOR-MADE ОБУКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ НАМЕНЕТА ЗА ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА

Цел на обуката:

Запознавање на финансиските друштва со задолженијата и обврските на овластеното лице за СППФТ или Одделот за СППФТ во инансиското друштво, како и со мерките и дејствијата за спречување на перење пари кај финансиски друштва, анализа и засилена анализа на клиент и високоризични клиенти. Во текот на обуката се стекнуваат и знаења за индикаторите за сомнителни трансакции кај финансиски друштва како и за мерките за борба против финансирање на тероризам и примена на санкциони листи на ЕУ и ОН.