На Институтот за применети истражувања за бизнис на 18 Мај, 2023 година се одржа обука за ефективна вербална и невербална комуникација во училница, наменета за наставниците и стручните служби во училиштата.
Целта на обуката беше да се зајакнат вештините наставниците и стручните служби во училиштата за начините на вербална и невербална комуникација првенствено со учениците, а потоа и со родителите. Д-р Андоновска во текот на обуката зборуваше за облиците и нивоата на комуникација, како и за техниките и правилата за успешна комуникација меѓу наставниците и учениците. На обуката присуствуваа наставници, педагози и психолози од повеќе училишта во државата, и истите во текот на обуката споделија и дел од своите искуства поврзани со вербалната и невербалната комуникација со своите ученици.
Обуката беше одржана онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.