Постапка за лобирање во локалната самоуправа согласно новиот закон за лобирање

време и место: 25 јануари 2023 година (Среда), 10:00-13:00 часот

sovetuvanje_za_postapka_za_lobiranje_vo_lokalna_samouprava_soglasno_noviot_zakon_za_lobiranje

    Лобирањето претставува чуствителна област бидејки многу малку треба за истото да премине во корупција. Затоа треба механизми како за контрола на лобистите, така и за надзор над лобираните. Незаконското лобирање директно води кон корупција во процесот на носење на одлуки.

  • Како да се направи разлика помеѓу лобирање и противзаконското влијание?
  • Кој и за што може да биде лобист во локалната самоуправа?
  • Какви обврски имаат органите на единицата на локалната самоуправа во случај на лобирање?
  • Како треба да постапи одговорното лице во локалната самоуправа во случај на лобирање?
  • Дали во единицата на локалната самоуправа има донесено Внатрешен акт за лобирање?
    Кој е одговорен ако нема донесено Внатрешен акт?

Доколку на некое од овие прашања не го знаете одговорот Ве покануваме на СОВЕТУВАЊЕ на тема ПОСТАПКА ЗА ЛОБИРАЊЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛОБИРАЊЕ.

За кого е наменето

  1. Градоначалник
  2. Секретар на општина
  3. Раководни лица во единиците на локалната самоуправа
  4. Други избрани и именувани лица
  5. Преставници на бизнис секторот

Цел на советувањето

    Лобирањето претставува активност со цел остварување влијание врз процесите на подготвување, донесување и изменување на закони, подзаконски акти или други општи акти и јавни политики односно програми, особено кога тие политики, односно програми се однесуваат на просторно и урбанистичко планирање, развој и доделување односно распределба на јавни средства.
    Ова советување има за цел на наједноставен начин да ја објасни постапката на лобирање во локалната самоуправа, дефинирање на тоа што може да биде предмет на лобирање во локалната самоуправа, кој може да биде лобист и како одговорните лице, секретарите или други именувани или избрани лица во локалната самоуправа треба да постапат во случај на лобирање. Понатаму, ќе бидат објаснети законските обврски што ги имаат единиците на локалната самоуправа во однос на утврдување на правилата на лобирањето, а во врска со ова ќе се направи осврт и кон прекршочната и кривична одговорност поврзани со прашањата лобирање и противзаконско влијание.
    Со цел поедноставено разбирање на ова комплексно прашање во текот на советувањето ќе се направи краток осврт за начинот на регулирање на истото во меѓународни рамки и примери кои се среќаваат во другите држави, поврзани со оваа проблематика.


Агенда

  1. Постапка на лобирање во локалната самоуправа согласно новиот Закон за лобирање
    • Што може да биде предмет на лобирање во локалната самоуправа?
    • Кај кого се лобира?
    • Која е разликата помеѓу лобирањето и противзаконското влијание?
    • Што треба да содржи Внатрешниот акт и кој има одговорност за негово донесување?
  2. Прекршочна одговорност за одговорното лице во единицата на локалната самоуправа за неисполнување на обврските согласно Законот за лобирање
    • Дали има кривична одговорност и за кого?
  3. Субјекти кои може да бидат лобисти
  4. Лобирањето во другите држави

Имајќи предвид дека и покрај тоа што новиот Законот за лобирање е веќе во примена, материјата за лобирање е прилично непозната, со стартна негативна перцепција за лобирањето, и негово мешање со противзаконското влијание, Ве покануваме за учество на ова советување кое е едно од ретките на оваа тема и ќе биде одржана од експерти специјализирани на темата.


Предавачи

    Д-р Ѓорги СЛАМКОВ е универзитетски професор и експерт од областа на антикорупциски политики и владеење на правото. Има експертско искуство во повеќе национални и меѓународни проекти во делот на антикорупција. Д-р Сламков е поранешен претседател на Државната Комисија за спречување на корупцијата и поранешен претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
    Д-р Биљана ЃОЗИНСКА е универзитетски професор и експерт од областа на Правото на европската унија и Меѓународното стопанско право. Професионалниот интерес д-р Ѓозинска го фокусира на различни аспкети на регулативата од која се засегнати бизнис ентитетите.


Начин на спроведување
Советувањето ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со електронски уред (компјутер, таблет, мобилен).


Цена и начин на плаќање
Цената за учество на советувањето за едно лице е 2900 денари. За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува 30% попуст на вкупниот износ. Плаќањето се врши врз основа на профактура најдоцна до 23 јануари 2023 година.

Секој учесник ќе добие СЕРТИФИКАТ за учество и материјали од советувањето.
Рок на пријавување за обуката до 23 јануари 2023 година.

Доколку сте заинтересирани за учество пријавете се на следниот линк https://iarb.edu.mk/obuki/

Дополнителни информации за советувањето на маил-от: contact@iarb.edu.mk